Утрински Весник
Македонија

Автобусот со ученици од Македонија ја поминал унгарската граница, објави МНР

Автобусот со ученици од Македонија ја поминал унгарската граница, објави МНР
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за надворешни работи веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, објави МНР.

dobivaj vesti na viber

Воедно, потсетија на дежурните контакт точки на Министерството за надворешни работи за пријавување на било какви проблеми при патувањата во странство.

Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на веб-страната на министерството, достапен е и СОС телефонот во Министерството: +38975273732 и е-мејл адресата: [email protected], како и информациите на веб-страната: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/45/dezhurni-broevi-za-itni-situacii.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје