Утрински Весник
Македонија

Војната во ДУИ на дневен ред во Мала Речица, опција е и разрешување на „огнените“ од партиските функции

Војната во ДУИ на дневен ред во Мала Речица, опција е и разрешување на „огнените“ од партиските функции

Војната помеѓу двете групи во ДУИ, може да заврши и со разрешување на „огнените“ од функциите во партијата. Ова се неофицијалните информации кои денеска доаѓаат од Мала Речица, каде ставовите ќе ги судрат двете страни – огнената група и останатото раководство на партијата на чие чело е Али Ахмети. Во просториите на ДУИ пристигна Изет Меџити, Блерим Беџети, Висар Ганиу кои се предводници на „огнените“. Пред нив, дојде и Бујар Османи.

dobivaj vesti na viber

Изет Меџити прашан за што очекува да се разговара на состанокот во Мала Речица, тој кажа: „За ДУИ“.

Главната тема ќе се внатрепартиските прашања.

„За сите прашања кои останаа неразговарани и ќе бидат отворени од претседателството ќе се разговараат. Секое прашање кое ќе биде покренато ќе се разговара“, вели Бујар Османи.

Ова е втор состанок за една недела. Претходниот се одржа минатиот викенд. Незадоволството на „огнените“ е од кадровската политика на партијата, а прст вперија кон Артан Груби и Бујар Османи. Од Ахмети бараат, Груби и Османи да останат без министерските фотелји. Ахмети минатиот месец, на огнените им посочи дека ДУИ е ураган.

Можете да прочитате

ФБИ алармираше, МВР реагираше: Спречен можен терористички напад во Тетово

Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство 

Македонија првпат доби екстрадиција од Дубаи – осуденик вратен во земјата