Утрински Весник
Свет

„Сан“: Фон дер Лајен ќе се кандидира за генерален секретар на НАТО

Фон дер Лајен: ЕУ ќе организира конференција за руското киднапирање деца од Украина

Британскиот таблоид „Сан“ доцна синоќа објави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е кандидат за нов генерален секретар на НАТО.

dobivaj vesti na viber

Британските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори, пишуваат дека дел од членките на НАТО предложиле Германија да го преземе раководството во октомври годинава, по оставката на Норвежанецот Јенс Столтенберг.

Се очекува тој да ја напушти функцијата по девет години. Мандатот на претседателот на Европската комисија истекува дури следната година. Таблоидот пишува дека Фон дер Лајен ќе се соочи со тешка борба бидејќи Велика Британија ќе се спротивстави на нејзината кандидатура, со оглед на тоа што таа лошо ги водела вооружените сили додека била министерка за одбрана на Германија.

Германски „Велт ам Зонтаг“ напиша дека меѓу кандидатите се и актуелниот британски министер за одбрана Бен Валас и шпанскиот премиер Педро Санчез. Сан го споменува актуелниот британски премиер Риши Сунак, а како кандидати се споменуваат и естонската премиерка Каја Калас и канадската министерка за финансии Кристија Фриланд.

„Сан“ не ја споменува поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која претходно беше спомната од дел од медиумите како кандидат за шеф на Северноатлантскиот пакт.

Можете да прочитате

Новиот лидер на Сирија вели дека целото оружје ќе биде ставено под државна контрола

Нетанјаху со закана дека ќе дејствува насилно и решително против бунтовниците во Јемен

Путин во Кремљ се сретна со словачкиот премиер Роберт Фицо