Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Убиства и тешки грабежи, во еден ден во Скопје, Спасовски ја претвори Македонија во Колумбија од 90-те

ВМРО-ДПМНЕ: Убиства и тешки грабежи, во еден ден во Скопје, Спасовски ја претвори Македонија во Колумбија од 90-те

„Во само 12 часа, во Скопје се случија 3 грозоморни настани, вчера како на филмска лента се случи убиство, тежок грабеж и пронајдено обезглавено човечко тело на патот Скопје-Блаце.

dobivaj vesti na viber

Ова се настани кои се случија за само еден ден, кои ги немаше ни во времињата во 90-те во Колумбија.

Оливер Спасовски ја претвори државата во мафијашки полигон, каде ни еден граѓанин веќе не се чувствува сигурен преку ден, а камоли навечер.

Се потврдија состојбите на терен, мафијашките пресметки и небезбедноста на граѓаните, за кои подолго време укажуваше ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособниот Оливер Спасовсски мора да се соочи со вистината и да си поднесе оставка“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол