Утрински Весник
Македонија

Влада: Платите нема да се зголемат 78%, разгледуваме можност за намалување на коефициентите

Влада: Одлуката на Судот во Стразбур е во корист на државата

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува, но тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78% проценти како што шпекулира дел од јавноста, соопштија од Владата. Оттаму додаваат дека анализираат можности за намалување на коефициентите за пресметка на плата.

dobivaj vesti na viber

„ Напоменуваме дека досегашното „замрзнување” на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата истиот е бранет како став пред Уставен Суд, а која со одлука на Уставен истата практично се укинува. Министерството за труд и социјална политика во рамките на своите овластувања има дадено негативно мислење за иницијативата за промена на членовите од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица до Уставниот суд со кое го потврдува ставот на Владата дека законското решение за плати не треба да се менува. Така што, намерата на Владата била и сѐ уште е јасна, а тоа е фер и праведно платена работа за сите чинители во општеството.

Иако основицата за пресметување плата согласно одлуката на Уставниот суд се зголемува, оттаму појаснуваат дека Владата конкретно ги разгледува можностите за намалување на коефициентите за пресметка на плата кај именуваните лица за кои има законска можност, а со цел да не се оптовари буџетот. Апелираме и до останатите чинители да го направат истото, во рамките на своите законски овластувања“ се вели во владиното соопштение.

Од Владата апелираат да не се шпекулира и да се прибегнува кон популистичка реторика и активности, да се разговара реално и со факти.

Претседателот Стево Пендаровски вчера порача дека невкусно е во време на економска криза да се покачуваат плати на функционери.

Претходно денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска рече дека нема да има толкаво големо покачување на платите на функционерите, а министерот за надворешни работи Османи истакна дека платите на функционерите треба да растат, но дека треба приоритет да се граѓаните со најниски примања.

Можете да прочитате

ИЈЗ со препораки за правилна хидратација за време на празниците

Касами: Поддршката на Албанска академија на науки и уметности е договорена, ќе видиме како ќе се реализира

„Кртовите“ ќе одговараат како глувци, вели Мицкоски