Се наоѓаме во историски и многу важен момент за иднината на државата почитувајќи и промовирајќи ги сите вредности на вистинската демократија и сметаме дека е исклучително важен момент да се поправат историските грешки преку внатреетничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Северна Македонија и да се изгради устав, кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските вредности, истакнуваат од Беса.
Движењето Беса, додаваат од таму, врз основа на одредбите од член 130 од Уставот на Република Северна Македонија преку ова барање предлага и бара од овластениот предлагач на уставните измени, односно Владата на Република Македонија, во текот на составувањето на нацрт-верзијата на уставните измени, која ќе биде испратена за расправа до Собранието на Република Северна Македонија за да се инкорпорира, покрај измената на уставната преамбула и амандманите на петтиот амандман на Уставот на Република Македонија.
„И тоа: 1. Амандманот V, точка 1, став 1 од Уставот да се формулира во оваа форма:
2. На целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо.
„3. Другите ставови од Амандманот V треба да се приспособат според став 1.
Движењето Беса, потенцираат, не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на Уставот на државата, но ние инсистираме да се смени амандманот V од уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Република Северна Македонија.
„Убедени сме дека преку корекција, појаснување и интервенциите во членовите предложени погоре значително ќе се поправи Уставот на земјата. Значи, со овие интервенции не само што ќе се зајакне мултиетничкиот и социјалниот карактер на државата туку истовремено ќе се овозможи ефикасно функционирање на државните институции, што е многу важно за земја членка на НАТО и на државата која има цел да биде дел од ЕУ“, истакнуваат од Беса.