Утрински Весник
Македонија

Османи го одбележа на месецот на Франкофонијата

Османи го одбележа на месецот на Франкофонијата
Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со францускиот Амбасадор, Сирил Бомгартнер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во Паркот на франкофонијата во Скопје, засади 10 садници по повод Месецот на Франкофонијата, со што и се заокружи Месецот на Франкофонијата.

dobivaj vesti na viber

„Сметам дека овој зелен амбиент претставува идеално место и момент за заокружување на Месецот на Франкофонијата; месец кога со засилен интензитет и со зголемен ентузијазам ги славиме францускиот јазик, културната различност и вредностите кои не обединуваат“, рече Османи.

Истакна дека Франкофонијата е во служба на зближување на народите и дека на симболичен начин тоа го манифестираме и денес, афирмирајќи уште една вредност: чување на природната околина, нагласувајќи: „Дрвцата што денес ќе ги посадите овде, во чест на Франкофонијата, ќе бидат сведоштво на само на еден ден во животот на секој од овде присутните, туку на благородната мисија и вредностите во кои веруваме, кои ги промовираме и заеднички ги негуваме“.

На настанот се обратија и амбасадорот на Франција и градоначалникот Герасимовски, кои исто така ги истакнаа вредностите и значењето на Франкофонијата.

Учество земаа и претставници од резидентните амбасадори на земјите членки на Организацијата на франкофонија: Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Швајцарија, како и резидентните Почесни конзули на земјите франкофони, Белгија и Канада.

Исто така, учениците од француските паралелки на средните државни училишта Раде Јовчевски – Корчагин и Орце Николов, како и од Францускиот институт, покрај тоа што учествуваа во садењето дрва, рецитираа и поеми од македонскиот поет и франкофон Ацо Шопов, и францускиот поет Виктор Иго.

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор