Утрински Весник
Македонија

Османи: Очекуваме продолжување на дијалогот и подобра соработка со новата Влада на Бугарија

Османи: Очекуваме продолжување на дијалогот и подобра соработка со новата Влада на Бугарија

Продолжување на дијалогот и подобра соработка со Бугарија, очекува Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

dobivaj vesti na viber

Како што истакна Османи, до сега во Бугарија немало политичка Влада и тоа бил главниот отежнувачки фактор за нас.

„Тоа што до сега немаше политичка влада во Бугарија беше отежнувачки фактор за нас, немаше политички партнер со кој можеме да се договориме, а во услови кога нема политичка влада тогаш конзервативни и радикални елементи во општеството го диктирираат наративот. Тоа ни се случи на нас за жал, се надевам дека после изборите во недела во Бугарија ќе се формира политичка Влада и конечно ќе можеме да продолжиме со дијалогот и соработката”, изјави Османи.

Изборите во Бугарија ќе се одржат во недела на 2-ри Април.

Можете да прочитате

Синот на Субрата Рој уште е на избирачкиот список

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Тошковски во посета на СВР Охрид и ОВР Струга: Забележителни резултати во справување со насилниот криминал и подобрување на сообраќајната безбедност, активно работиме и на „One Stop” системот со Албанија