Јавното претпријатие за државни патишта, кое е под владеење на ДУИ и СДС, плаќа најскапо косење на трева во регионот. Ова јавно претпријатие за договор за косење на трева на патиштата во Македонија, одвојува 2 милиони евра, а цените по кои ги тарифира услугите, се 3 пати поскапи од тие во регионот,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека ако ги споредиме цените во Македонија, со тие во соседна Србија, се доаѓа до фрапантна разлика. ЈПДП за косење на тревна површина на м2, според договорот цената е 12 денари, а додека српското претпријатие истото го плаќа 2,5 денари, што се однесува на делот, за косење на тревна површина со тежок пристап цената е 5 денари. Оттука излага дека ЈПДП плаќа 3 пати поскапа цена, за разлика од истото претпријатие во Србија.
Очигледен е криминалот кој го прават ДУИ И СДС, преку ова претпријатие. Институциите мора да се одважат и веднаш да реагираат, а не да бидат неми послушници, на оваа власт во заминување, се вели во соопштението.