Утрински Весник
Македонија

Ковачевски стигна во Белград, со Вучиќ и Брнабиќ излезе на прошетка покрај Сава

Ковачевски стигна во Белград, со Вучиќ и Брнабиќ излезе на прошетка покрај Сава

Премиерот, Димитар Ковачевски, стигна во официјална посета на Србија и заедно со неговата српска колешка, Ана Брнабиќ и српскиот претседател, Александар Вучиќ излезе на прошетка покрај Сава.

dobivaj vesti na viber

„Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград. Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу нашите две земји како и визијата за иднината на Западен Балкан“, напиша Ковачевски, споделувајќи и фотографии од прошетката.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, пак истакна дека при добра прошетка се прават најдобри планови и се водат најпријатните разговори.

„Додека со гордост му покажувам на мојот пријател Димитар Ковачевски колку е изграден Белград, разменуваме мислења за проширувањето на иницијативата „Отворен Балкан“, за „ЕУ-патот на нашиот регион“, за позицијата и перспективата на Западен Балкан на геополитичката карта на Европа и светот, но и за плановите за претстојните состаноци и поврзувањето на нови проекти“, напиша Вучиќ.

Во рамки на посетата, предвидено е Ковачевски и Брнабиќ утре да одржат заедничка пленарна средба, на која ќе се разговара за натамошното продлабочување на односите.

По пленарната средба, ќе биде потпишан меморандуми за соработка во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а двајцата лидери ќе одржат и прес-конференција, соопшти Владата.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор