Утрински Весник
Свет

Ватикан за состојбата на папата Франциско: останува во болница уште неколку дена

Папата: Поскромно да го прославиме Божиќ, тоа што ќе го заштедиме да ѝ го испратиме на Украина

Папата Франциско (86) помина „добра“ ноќ во болница откако беше хоспитализиран поради респираторна инфекција, изјави денеска претставник на Ватикан.

dobivaj vesti na viber

Повеќе информации за здравствената состојба на Папата се очекуваат во текот на денот, а се претпоставува дека тој ќе остане на преглед уште два до три дена.

Папата Франциско во средата беше примен во болница во Рим  откако претходните денови имаше потешкотии со дишењето.

„Папата, на кој му беше отстранет дел од белите дробови кога беше млад, сега нема корона вирус, но ќе остане во болница неколку дена на лекување“, додаде Ватикан, пренесе АП.

Се очекува папата да зборува во недела.

Можете да прочитате

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина

Чешка доби нова влада – 24info.mk

Зеленски: Има напредок во разговорите со САД