Утрински Весник
Македонија

Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите, опозицијата ќе ја убедуваме со разговори, посочи Пендаровски

Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите, опозицијата ќе ја убедуваме со разговори, посочи Пендаровски

Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите во Уставот, посочи претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи како власта планира да стигне до 2/3 мнозинство во Собранието. Тој додаде дека не е загрозена македонската сувереност ниту европскиот пат ако се направи овој чекор. Пендаровски посочи: „Единствениот пат до 2/3 е да разговарате со опозицијата, пратениците, политичарите од опозицијата. Не би сакал да видам да видам било каков друг пристап во обезбедување на тие 2/3“.

dobivaj vesti na viber

„Оние кои мислат дека преговарачката рамка не е добра и дека кога тие би биле во позиција да преговараат би направиле подобра преговарачка рамка – не знаат како функционираат механизмите во ЕУ. Нема да има шанса наново да се преговара работа која е договорена со 27 земји членки на ЕУ. Во неа стои обврската промена на Уставот и додавање на Бугарите внатре. Ако влеземе со намера да се разбереме, аргументите се на страната кои веруваат дека самата содржина на внесување на Бугарите во Уставот е бенигна. Не ја загрозува македонската сувереност и независност, ниту европскиот пат“, кажа Пендаровски.

Тој смета дека и да повика на лидерска средба за уставните измени – опозицијата нема да се вклучи.

„Ако опозицијата реши да не учествува во работната група која допрва ќе биде формирана, ниту во Комисијата за уставни прашања во Собранието, како што досега се нивните јавни изјави – јасно е дека и јас да се понудам да ја организирам таа дебата, тие нема повторно да учествуваат. Мислам дека грешат. Ги повикувам да се вклучат на експертско и политичко ниво и да ги кажат нивните аргументи. Мислам таа дебата треба да биде пренесувана во живо за јавноста. Кога ќе ги соочите аргументите, претпоставувам дека и тие ги имаат, ќе видите дека сме ги направиле тие работи пред 22 години. Ние имаме етаблирани стандарди за деловите од народи. Бугарското малцинство е со 3.500 во Македонија, сигурно нема да пропадне државата“, додаде Пендаровски.

Можете да прочитате

Во Охрид почина деветмесечно бебе

Истрага за продолжено кривично дело измама

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје за сторено кривично дело „измама”