Утрински Весник
Свет

Зеленски го покани Шји Џинпинг да ја посети Украина: „Подготвени сме да го пречекаме“

(Видео) Зеленски: Нема договор со Путин, нема да дадеме ниту дел од територијата

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски. го покани кинескиот претседател Шји Џинпинг да ја посети Украина, објави во средата „Асошиејтед прес“.

dobivaj vesti na viber

„Подготвени сме да го дочекаме тука“, рече Зеленски во интервју за новинската агенција.

Шји не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, но минатиот месец Кина објави план од 12 точки за „политичко решение на украинската криза“.

Кинескиот претседател разговараше за конфликтот со рускиот претседател Владимир Путин, за време на државната посета на Москва минатата недела, иако разговорите не покажаа напредок за тоа како да се стави крај на војната.

Кинескиот предлог вклучува повик за деескалација и прекин на огнот во Украина. САД го отфрлија предлогот, тврдејќи дека Кина нема кредибилитет бидејќи одби да ја осуди Русија за нејзината инвазија на Украина. Соединетите Држави констатираа дека прекинот на огнот во овој момент ќе ги консолидира руските територијални придобивки и ќе им даде на силите на Путин повеќе време да се прегрупираат.

Украина го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само кога руските трупи ќе ја напуштат украинската територија.

Можете да прочитате

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување