Утрински Весник
Свет

(Видео) Доктори извадиле половина килограм коса од стомакот на малолетно девојче во Индија

(Видео) Доктори извадиле половина килограм коса од стомакот на малолетно девојче во Индија

16-годишно двојче од Пали, Индија постојано се жалела на болки во стомакот и повраќање.

dobivaj vesti na viber

Таа била болна шест месеци, поради што нејзиното семејство немало друг избор освен да ја однесе на лекар.

Кога ситуацијата станала неподнослива, таа морала да оди на операција.

За време на операцијата, хирурзите и извадиле топка коса тешка дури половина килограм од стомакот, а се испоставило дека девојчето боледува од трихофагија, односно компулсивна потреба да јаде коса уште од својата осумгодишна возраст.

Оваа болест е поврзана со трихотиломанија, односно неодолива желба за јадење коса.

Кафеавата маса од влакна која лекарите ја пронашле во стомакот на 16-годишното девојче била долга застрашувачки 16 сантиметри и широка осум сантиметри.

Иако трихотиломанија и трихофагија се споменуваат уште во 18 век, никогаш не е откриено точно зошто ова нарушување се јавува кај луѓето.

Косата која се акумулира во стомакот предизвикува варење и болки во стомакот,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk