Утрински Весник
Свет

Блинкен: Целта на Путин е да го избрише идентитетот на Украина и да го апсорбира во Русија

Блинкен: Бевме во контакт со Русија поради заканите со нуклеарно оружје

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека целта на Владимир Путин е да го избрише идентитетот на Украина како независна, суверена нација и да го апсорбира во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Оваа војна е напад не само врз Украина, туку и врз меѓународниот поредок заснован на правила што се обидуваат да го одбранат меѓународниот мир и стабилност и да поддржат, според Повелбата на Обединетите нации, „еднакви права на мажите и жените и големи и мали народи“, посочи Блинкен на виртуелна панел сесија на тема „Праведен и траен мир во Украина“.

Тој потсети дека жртви на руската агресија не се само Украинците, туку и луѓе ширум светот, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба изјави дека Русија има за цел да го уништи светскиот поредок врз основа на меѓународното право и Повелбата на ОН.

„Украинскиот народ ќе прифати мир само доколку гарантира целосен прекин на руската агресија, целосно повлекување на руските трупи од украинска територија и обновување на територијалниот интегритет на нашата земја во меѓународно признатите граници“, рече украинскиот министер, истакнувајќи дека мировниот план бил признат и одобрен од Генералното собрание на Обединетите нации.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење