Утрински Весник
Свет

(Видео) Мачка извлечена жива од урнатините 49 дена по разорните земјотреси во Турција

(Видео) Мачка извлечена жива од урнатините 49 дена по разорните земјотреси во Турција

Мачката Хан беше извлечена од урнатините 49 дена по разорните земјотреси во Турција.

dobivaj vesti na viber

Сопственичката на мачката Нида Дина (36) секојдневно со ќерката ги посетувала урнатините на нејзината зграда, барајќи го својот сакан миленик.

„Зградата ни беше оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но мачката не можевме да ја најдеме бидејќи некаде се сокри. Ја баравме секој ден и ја најдовме сега кога почна отстранувањето на урнатините на нашата единаесеткатница“, изјави Дина за турски Хабер.

Како што истакна таа е пресреќна за чудото што се случи и им порача на сите да не губат надеж.

Да потсетиме дека на 6 февруари Турција и соседна Сирија беа погодени од серија разорни земјотреси, во кои загинаа над 50.000 луѓе,пренесе Нова.рс.

Можете да прочитате

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции

Еквадор испраќа 10.000 војници против банди за трговија со дрога

Поднесен предлог до Парламентот за повлекување на Франција од НАТО