Утрински Весник
Свет

Блинкен призна: Америка е против иницијативите за итен прекин на огнот во Украина

Блинкен призна: Америка е против иницијативите за итен прекин на огнот во Украина
Dik 300x250 mk

Соединетите Држави се залагаат за решение на конфликтот во Украина што нема да дозволи Русија да ги обнови своите сили и да ги прегрупира своите војници, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на дискусијата за украинското прашање на маргините на Самитот за демократија.

dobivaj vesti na viber

– Сите знаеме дека мирот треба да биде праведен, заснован на принципите содржани во Повелбата на ОН – суверенитет, територијален интегритет, независност – рече тој.

Американскиот државен секретар додаде дека „САД се посветени на поддршка на дипломатските напори“ за постигнување слично решение во Украина.

Истовремено, тој изрази мислење дека иницијативите за итен прекин на огнот може да испаднат како „стапица“ што ќе доведе до замрзнување на конфликтот, а не до конечно решение на проблемот,пренесе Новости.рс

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно