Утрински Весник
Македонија

Груби ќе го тужи Лефков: „Тој е многу гласен, ја заменува храброста со гласноста“

Груби ќе го тужи Лефков: „Тој е многу гласен, ја заменува храброста со гласноста“

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на собраниска седница порача дека ќе го тужи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, поради „клевета за изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д“.

dobivaj vesti na viber

„Колегата Лефков е многу гласен, ја заменува гласноста со храброста, јас му упатив барање да се извини, вашата партија го прифати барањето, а тој кукавички избегнува. Поднесов веќе тужба да се видиме на суд за сето тоа што го клевети. Му недостига храброст да излезе од говорницата и да го клевети истото тоа и ја користи говорницата на Собранието затоа што знае дека ќе се соочи со правни последици за она што го зборува“, рече Груби.

Вицепремиерот Груби се надева дека од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат конструктивни и ќе дадат придонес да го поддржат проектот и ќе имаат и тие дел во изградбата на автопатите.

„Се надевам дека новите ветришта што дуваат во ВМРО-ДПМНЕ се конструктивни и ќе успееме заеднички да ја заокружиме приказната на европска Северна Македонија. Многу сум радосен за позитивната атмосфера што владее во нивната партија“, посочи тој.

Левков претходно го обвини Груби за местење тендер за коридорите и за тоа дека треба да се отвори истрага за надзорот вреден 22 милиона евра затоа што условите под кои се тендерирани се за фирма загубар да може да го добие тендерот.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Милошоски: Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

„Онкологија 2“: Одбраната на Васев бара ефикасна постапка, Нухи инсистира на читање сите докази