Утрински Весник
Свет

(Видео) Моето име е Џо Бајден, јас сакам сладолед, рече американскиот претседател пред да заборува за масакрот во училиштето

(Видео) Моето име е Џо Бајден, јас сакам сладолед, рече американскиот претседател пред да заборува за масакрот во училиштето

Американскиот претседател, Џо Бајден, се пошегува дека се појавил во Белата куќа само затоа што слушнал дека ќе има сладолед. Всушност, тој го кажа ова непосредно пред да почне да зборува за ужасното масовно пукање кое неколку часа претходно однесе шест животи во основното училиште во Нешвил.

dobivaj vesti na viber

„Моето име е Џо Бајден. Јас сум сопруг на д-р Џил Бајден. И сакам сладолед, со чоколадни парчиња. Дојдов тука затоа што слушнав дека има сладолед од чоколадо. Инаку, горе имам полн фрижидер“, рече претседателот на собирот на жени претприемачи.

Бајден потоа сериозно се воозбили и се осврна на пукањето во училиштето Ковенант, во кое загинаа тројца ученици и тројца членови на персоналот, нарекувајќи го злосторството „болно“ и негов „најлош кошмар“, пред уште еднаш да го повика Конгресот да донесе забрана за оружје.

На изненадување на присутните, Бајден се врати на темата за сладолед со уште еден довик до претставник на Џенис, синџир на продавници со седиште во Охајо со продавници низ целата земја, вклучително и локација во близина на Белата куќа.

„Ако ми дозволат да те однесам горе, би ти го покажал целиот замрзнувач полн со сладолед од чоколадо“, продолжи Бајден.

Покрај тоа, Бајден се пошегува дека „прилично е досадно кога си јавна личност како него, а познат си по две работи: сладолед од чоколадо и очила за сонце „Рејбан“.

Корисниците на Твитер не го прифатија хуморот на Бајден, туку го критикуваа со оглед дека не е време за вакви шеги.

Можете да прочитате

Кобахидзе: Во Грузија нема да се повтори сценариото на украинскиот „Мајдан“

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо