Утрински Весник
Македонија

Починат маж по удар од воз

Воз прегази маж на пругата Битола – Скопје

На железничката пруга во населба Хиподром без знаци на живот било пронајдено тело на машко лице удрено од воз, информираат од полицијата.

dobivaj vesti na viber

Имено, вчера околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на железничката пруга во населба Хиподром, без знаци на живот било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Железници на РСМ.

Можете да прочитате

„Онкологија 2“: Одбраната на Васев бара ефикасна постапка, Нухи инсистира на читање сите докази

Ученици нападнати и ограбени додека биле на екскурзија во Парк шумата Гази Баба

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање