Утрински Весник
Македонија

Расчистени кражби во спортска обложувачница и три куќи во Штип, крадците се приведени

Фатен битолчанец кој за седум месеци ограбил неколку станови и берберница

Полицијата приведе пет крадци во Штип, расчистени се четири кривични дела за тешка кражба.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, расчистена е кражба во обложувалница во Штип, од каде биле одземени предмети, а осомничени и приведени биле двајца соизвршители, Е.Џ.(20) и еден малолетник од Штип.

Останатите три кривични дела „тешка кражба“ биле извршени на 20 март, при што од три куќи во селото Калапетровци, штипско, биле одземени разновидни предмети, а сторителите Д.А.(30), А.С.(40) и Џ.И.(33) од Штип биле фатени на лице место, додека го извршувале кривичното дело и биле лишени од слобода.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела, а украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Усен демарш од МНР за бугарскиот амбасадор поради употреба на терминот „северно-македонски“

Абази негира влијание врз обвинителите по запирањето на случајот ТЕЦ Неготино

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија