Утрински Весник
Спорт

Обамејанг сака да се врати во Барселона

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Фудбалерот на Челзи и поранешен репрезентативец на Габон, Пјер-Емерик Обамејанг е подготвен да се врати во Барселона, јавуваат британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Обамејанг (33) наводно им рекол на челниците на каталонскиот клуб дека е подготвен за минимална плата да се врати на „Ноу Камп“.

Претседателот на Челзи, Тод Боли е разочаран од однесувањето на Обамејанг, кој е посветен на каталонскиот клуб. Поранешниот репрезентативец на Габон со фудбалерите на Барселона ја отпеа „Ауба, врати се кај нас“ по неодамнешната победа на каталонскиот клуб над Реал (2:1) во шпанската Ла Лига.

Обамејанг минатата година пристигна во Челзи од Барселона, а пред каталонскиот клуб играше за Арсенал, Дортмунд, Сент Етјен, Монако, Лил, Дижон и Милан.

Сезонава одигра 18 натпревари и постигна три гола.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД