Утрински Весник
Спорт

Санчез како во најдобрите денови – Чиле го победи Парагвај

Санчез како во најдобрите денови – Чиле го победи Парагвај

Чиле и Парагвај одиграа пријателски натпревар со пет гола и три црвени картони. Парагавај имаше 1:2 по првите 45 минути, на крајот Чиле победи со 3:2.

dobivaj vesti na viber

Едуардо Берисо, во седмиот меч ја забележа првата победа како селектор на Чиле. За победата треба да му се заблагодари на ветеранот Алексис Санчес, кој го креираше пресвртот.

Чиле поведе со голот на Пауло Диас (25.минута), но Парагвај направи пресврт во интервал од 120 секунди со головите на Матиас Рохас и Габриел Авалос во 32. и 34. минута.

Во вториот дел на теренот влезе 35.годишниот Санчез. Ветеранот постигна гол во 76.минута, а во самиот финиш изведе корнер по кој голманот на Парагвај Силва си постигна авто гол.

Интересно, Санчез натпреварот го одигра со бројот 10 на грбот. Исто како на почетокот на кариерата, бидејќи на 27 април 2006 година го одигра првиот меч за Чиле со тој број, а подоцна се прослави во „седумката“.

„Со „седумката“ ги срушив сите рекорди: Станав најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата и најдобар асистент. Сега „седумката“ му ја давам на друг фудбалер (Марселин Нунес од Норич), а со „десетка“ започнувам нова ера“, изјави Алексис по мечот.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари