Претседателот Стево Пендаровски, утре ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува во официјална посета на Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер.
Претседателот Ван дер Белен ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Австрија.
Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Ван дер Белен и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. Предвидено е двајцата претседатели да се обратат на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.