Утрински Весник
Спорт

Влаховиќ ја растажи Подгорица, Французите триумфираа во Даблин

Влаховиќ ја растажи Подгорица, Французите триумфираа во Даблин

Светскиот вицепрвак Франција стигна и до втора победа во квалификациите за ЕП 2024 откако ја совлада Република Ирска со 0:1 во Даблин. Бенјамин Павар беше стрелец на победничкиот гол за „триколорите“ во 50.минута од мечот.

dobivaj vesti na viber

Србија го доби дуелот со Црна Гора со 0:2, благодарение на Душан Влаховиќ. Напаѓачот на Јувентус беше двоен стрелец. Го отвори резултатот во 78.минута, а потоа и го потврди триумфот во 96.минута.

Шведска немаше милост против Азербејџан и славеше со 5:0, а Австрија со пресврт ја победи Естонија со 2:1.

Чешка не успеа да слави на гости во Кишињев против Молдавија и ремизираше без голови, а Полска ја победи Албанија со 1:0, со голот на Карол Свидерски.

Холандија очекувано го победи Гибралтар со 3:0.



Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД