Раководството на Челси го посакува германскиот тренер Јулијан Нагелсман, откри новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.
Доколку Потер не успее да постигне подобри резултати со Челси до крајот на сезоната, Тод Боели ќе го разреши. „Сините“ сакаат да му дадат поддршка, тоа го потенцираа неколку пати, но сега дојде моментот кога Челси треба да влезе во серија на позитивни резултати.
Реал Мадрид ќе биде тешка пречка за нив во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Тешко е да се поверува дека преку Премиерлигата би можеле да стигнат до ова натпреварување за следната сезона бидејќи моментално се на десеттото место со 38 бода.
Нагелсман веднаш доби понуда и од градскиот ривал Тотенхем. Тој е отворен и за тренерското место во тој клуб, но бидејќи Челси во моментов е финансиски помоќен и е во тек нов проект, Германецот многу лесно би можел да избере да дојде на „Стемфорд бриџ“.