Утрински Весник
Свет

Песков: Реакцијата на Западот нема да влијае на плановите на Москва

Песков: Реакцијата на Западот нема да влијае на плановите на Москва

Реакцијата на Западот нема да влијае на плановите на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

– Таквата реакција, се разбира, не може да ги промени плановите на Русија – изјави Песков пред новинарите во Москва, пренесува РИА.

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата, на 25 март, за телевизијата „Русија-24“ изјави дека Москва и Минск се договориле да стационираат руско тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, без да ги прекршат обврските на Русија во однос на неширење на таквото оружје.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борељ истакна дека Брисел е подготвен да одговори со нови санкции доколку Белорусија не се откаже од планот за поставување на руско тактичко нуклеарно оружје на своја територија, бидејќи тоа наводно ја загрозува европската безбедност,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами