Утрински Весник
Македонија

Ветинг на судии само со меѓународна поддршка, услови министерот Лога

Ветинг на судии само со меѓународна поддршка, услови министерот Лога

Без меѓународна поддршка, министерот за правда, Кренар Лога не планира да спроведе ветинг во судството. Тој кажа дека Македонија е далеку од Албанија, кога во прашање е криминалот во правосудството односно дека е на далеку подобро ниво. Лога посочи и дека се среќавал со функционери од Албанија за да се види каква тактита примениле за ветингот.

dobivaj vesti na viber

„Во министерството нема никаков документ врзан за ветингот, нема ниту една буква. Ние стоиме на ставот дека мора да има ветинг. Во овој ветинг мора да се вклучат ЕУ и САД. Ако тие не се дел од овој процес, нема да го почнеме“, кажа Лога.

Прашан дали ќе се прави генерален реизбор на судии по ветингот, Лога рече: „Сега не е време за ова прашање. Треба да се разговара“. Тој додаде дека Македонија не може да се спореди во криминал со Албанија.

„Јас кажав дека денеска во Македонија се работи со 50 отсто од капацитетите на обвинители. Тие 50 отсто кои се дел од системот, над 25 отсто се ангажирани на период од 10 години. Судството работи со 2/3 од нивниот капацитет. 1/3 се луѓе вклучени во последниве 10 години. Нема да е исто со тоа во Албанија, ни од блиску ни од далеку. Кај нас за ветингот треба повеќе ангажман“, додаде тој.

На брифинг со новинарите прашан дали во негово време ќе успее да го спроведе ветингот, Лога кажа: „Било што да кажам е многу рано. Сите политички партии се заветени, ако сите се на овој став, тогаш ќе е лесно“.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје