Утрински Весник
Свет

За граѓаните на Луксембург јавниот превоз веќе три години е бесплатен

За граѓаните на Луксембург јавниот превоз веќе три години е бесплатен

Јавниот превоз во Луксембург, една од најбогатите земји во светот, веќе три години е брз и бесплатен.

dobivaj vesti na viber

Од 2020 година, сите форми на јавен превоз, вклучувајќи автобуси, возови и сосема новите трамваи, се бесплатни низ целата земја, пишува порталот luxembourg.public.lu.

Со мрежа која постојано се прилагодува на потребите на патниците и дополнителни трамваи, овој начин на транспорт станува сè попопуларен кај жителите и посетителите.

Од 29 февруари 2020 година, јавниот превоз е бесплатен за сите, жители и туристи, па никој од нив не треба да купи билет.

Единствен исклучок се билетите од прва класа во возовите, кои треба да се платат.

Меѓутоа, секој патник мора да ја покаже својата лична карта доколку кондуктерот побара да ја види.

Системот им овозможува да „патуваат лесно“, како и да придонесат за зачувување на животната средина. Некои почнаа да гледаат на популарниот систем како на „фундаментално право“.

Бесплатниот превоз беше воведен делумно за да се спречи проблемот со автомобилите во земјата.

Луксембург имаше најголем метеж со автомобили во ЕУ во 2020 година: 696 на 1.000 луѓе наспроти просечните 560. Земјата страда од лош сообраќај и како резултат на тоа има високи нивоа на емисии на стакленички гасови.

Локалните жители велат дека бесплатниот превоз ги охрабрува да ги остават своите автомобили дома.

Приходите од билетите претходно изнесуваа 41 милион евра годишно во Луксембург – само мал дел од тековните трошоци од над 500 милиони евра на целиот јавен транспортен систем во земјата. Дефицитот се компензира со повисоки даноци.

 

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја