Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните

Кузеска: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните

Изминува една и пол година од мандатите на градоначалнците од ВМРО-ДПМНЕ, период во кој целата јавност ја виде нивната неспособност. Над 40 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ досега не реализираа ниту еден важен, капитален проект за општините и граѓаните, а дури ги прекинаа и наследените проекти од градоначалниците од СДСМ, рече на денешната прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Според Кузеска, градоначалниците на „шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски немаат проблем да ги задолжуваат општините и да удираат по џебот на граѓаните“.

dobivaj vesti na viber

– По општините Аердром, Гази Баба и Бутел, и Прилеп се подготвува да издаде обврзница, во вредност од милиони евра за изградба на кружен тек, откако удри по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги, водата и паркингот, – рече Кузеска и додаде дека драстично поскапи комунални услуги плаќаат граѓаните и на Охрид, Штип и Битола, како и на Општина Велес.

Таа го обвини Јавното комунално претпријатие од Велес ЈКП Дервен дека потрошило над 28 милиони денари за времени вработувања, а дека милиони евра за вдомување на партиски кадри во општините оваа година ќе потрошат и градоначалниците на Гази Баба, на Аеродром, Кочани, Илинден…

Можете да прочитате

Ставен под контрола пожарот на депонијата „Краста“ во кумановско

SupportKocani ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија

Напаѓачот на Данела Арсовска, од домашен, оди во затворски притвор