Утрински Весник
Економија

Битиќи: Странските компании и владата имаат стабилно партнерство за работа и развој

Битиќи: Странските компании и владата имаат стабилно партнерство за работа и развој

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и економскиот тим на Владата на РСМ, остварија редовна квартална работна средбa со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, на која дискутираа разни предлози и решенија кои би влијаеле за подобрување на условите за водење бизнис во државата.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разгледани клучните иницијативи и предлози во врска со прашањата за енергетика и инфраструктура, во делот на олеснување на процедурите за поставување на фотоволтаици во големите производствени компании.

Другите теми на состанокот беа царина, даноци, државна помош, пазар на труд и грижа на инвеститори.

Дел од барањата на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство се однесуваа на усогласување на царинските стапки до ниво на ЕУ, за дополнителни тарифни ознаки за суровини и репроматеријали, продолжување на примената на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, превод на меѓународни стандарди за финансиско известување, и ред други теми кои би ги подобриле условите за водење бизнис во државата.

„Секогаш со внимание ги слушам забелешките на инвеститорите, и сум отворен за забелешки за тоа како да ги подобриме условите за работењето на компаниите. Нашите напори одат во правец на поддржување на економијата од обновливи извори на енергија, што е многу значајно за нас како Влада“, рече вицепремиерот Битиќи.

Присутните претставници од Асоцијацијата на странски компании го изразија нивното задоволство од соработката со државните институции, која соработка е во интерес на економијата и граѓаните на Северна Македонија во целина.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“