Утрински Весник
Магазин

Колку плаќаат њујорчаните за кирија

Колку плаќаат њујорчаните за кирија

Многу млади луѓе сонуваат да живеат во Њујорк, градот кој никогаш не спие. Сепак, познато е дека  потребни се многу пари за пристоен живот во најнаселениот град во Америка.

dobivaj vesti na viber

Новинар на „Базфид’ (BuzzFeed) ги праша њујорчани колку заработуваат и каков дом можат да си дозволат.

Финансиер кој работи и како диџеј, плаќа 2.000 долари месечно за кирија во Бушвик, Бруклин, а заработува 120.000 долари годишно. Тој живее сам, но ја дели бањата со другите станари во ходникот на зградата. „Тоа е чудно, но тоа е жртва за мирот што го имам. Њујорк е место на крајности и тоа ми се допаѓа,“ објасни тој.

Архитектот Арнолд плаќа 1.000 долари месечно за кирија во Вилијамсбург, Бруклин, а годишно заработува 140.000 долари. „Плаќам пониска кирија затоа што имам цимер. Многу малку сум платен како архитект, но во овој стан можам да гледам згради по цели денови. Ми се допаѓа тоа,“ рече тој.

Рија, економист во здравствен сектор, живее со тројца пријатели во Гринпоинт, Бруклин и месечно за кирија издвојува 1.700 долари, а годишно заработува 100.000 долари. „Мојата работа е многу важна и ми се допаѓа, и сакам да живеам со моите пријатели,“ вели таа.

Џек, шеф на продавница, плаќа 1.500 долари месечна кирија во Џерси Сити, а годишно заработува 36.000 долари. „Пораснав во Бронкс, а сега патувам на Тајмс Сквер. Свирам и музика“, откри тој.

Писателката Шила живее сама во луксузен стан на Тајмс Сквер, за кој месечно издвојува 1.950 долари од својата плата, која изнесува 52.000 долари годишно. „Ова е скап град, но имам договор на две години. И сè уште ја чекам мојата њујоршка романса,” рече таа.

Келнерот Вил дели студио во Бронкс со цимер и плаќа 800 долари месечно за кирија. Годишно заработува 80.000 долари. „Искрено, мојот приход не е секогаш ист бидејќи зависи од бакшишот, но отприлика е ист. Овде е одлично,“ вели тој.

Рук, аудио инженер, не плаќа кирија бидејќи живее со родителите на Стејтен Ајленд и заработува 20.000 долари годишно. „Собите што ги гледав се околу 800-1.200 долари месечно. Овој град е премногу скап. Мафијата треба повторно да ги контролира улиците и да ги снижи овие цени,“ рече тој.

Менаџерка на социјалните мрежи живее сама во Бруклин во гарсоњера, за што месечно троши 2.900 долари, а заработува 105.000 долари годишно. „Овде се вселив кога почна пандемијата, но планирам да се селам наскоро бидејќи ќе ја зголемат киријата.“

Професорот по англиски јазик Тим дели стан со цимер во Бруклин и месечно плаќа 1.950 долари, а годишно заработува 32.000 долар. „Полесно е кога ќе најдеш цимер. Очигледно, не заработувам многу пари, но сакам да бидам овде,“ вели Тим.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста