Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Филип Лам имаше брутална анализа на сезоната на Пари Сен-Жермен по нивната нова елиминација во Лигата на шампиони, токму од Баерн Минхен, велејќи дека играат „здодевен“ фудбал.
Во интервју за „Гардијан“, Лаам вели дека Лионел Меси бил „беспомошен“ на вториот меч со Баерн Минхен бидејќи неговите квалитети се користат во клубот „без причина или насока“.
„Луѓето во ПСЖ едноставно не знаат како колктивно да постигнат гол, како да влијаат на играта. Меси беше беспомошен и очаен на ‘Алијанц арената’. Жал ми е за навивачите на ПСЖ. Нивната надеж дека овој тим ќе расте заедно секоја година умира на неславн начин. Секако веруваат во нешто поинаку. ПСЖ се далеку од клуб кој би сакале да го сакате и покрај толку години инвестиции. Тимот изгледа на луксузна продавница, покажувајќи скапоцени елементи кои никој друг не може да си ги дозволи. Тоа гарантира внимание и спектакл, но не и квалитет“, вели Лам.
Тој исто така го коментираше и Килијан Мбапе.
„Килијан Мбапе е посебна приказна. Тој несомнено има светски квалитет, и во Лига 1 е класа над сите. Но, неговиот талент не се користи. Во Минхен тој постојано ја чекаше топката пред своите нозе и тешко е да се очекува неговата кариера да се крене во Париз“, додава Лам.