Косовската претседателка Вјоса Османи порача дека Косово нема да се откаже од основниот договор и дека Србија мора да почитува сè што е договорено во Охрид, пишува „Косово онлајн“.
„Српската страна не почитува ниту еден договор произлезен од дијалогот“, изјави Османи за приштинските медиуми.
„Србија и по 24 часа од средбата во Охрид, не го почитуваше договорот, како што беше случај и во февруари, што докажува дека дијалогот за неа нема никаква политичка или правна вредност. Текстот на основниот договор останува ист и не се менува, така што членот 4 од тој договор, кој ја обврзува Србија да не се противи на членството на Република Косово во ниту една организација, останува во сила“, рече Османи.