Утрински Весник
Економија

Каевски: Платите и пензиите растат, а цените на основните прехранбени продукти се намалуваат

Каевски: Платите и пензиите растат, а цените на основните прехранбени продукти се намалуваат
Dik 300x250 mk

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за сите граѓани. Во време кога се уште се соочуваме со последиците од глобалната економска криза, преку конкретни мерки и политики го штитиме стандардот на граѓаните, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Владата донесе одлука со која се замрзнуваат цените на јајцата од кокошка и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година и оваа мерка ќе биде со важност до 30 април 2023 година. Претходно со одлука на Влада беше дефинирана максималната цена на лебот од 450 грама на 33 денари, а намалени се цените и на тестенините и на млекото и млечните продукти за 15, односно за 10 отсто“ рече Каевски.

Тој додаде дека истовремено растат и платите и пензиите.

„ Од овој месец минималната плата изнесува 20.175 денари, што е зголемување за над 2.000 денари од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари. Исто така од овој месец се зголемуваат и пензиите за рекордни 8,4 отсто, што значи дека просечната пензија ќе се зголеми за над 1.500 денари.

Сето ова е доказ дека македонската економија е стабилна, доказ дека Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски успешно менаџираат во време на светска економска криза. Ние како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на сите граѓани“ порача Каевски.

Можете да прочитате

Лукоил заминува од Македонија? Еве што вели руската компанија

Од полноќ нови, повисоки цени на горивата

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар