Утрински Весник
Магазин

Д’ Викенд го собори Гинисовиот рекорд и стана најпопуларен музичар во светот

Д’ Викенд го собори Гинисовиот рекорд и стана најпопуларен музичар во светот

Канадскиот пејач Д’ Викенд стана првиот изведувач кој достигна 100 милиони месечни слушања на „Спотифај“.

dobivaj vesti na viber

Се наведува дека никој друг не е ни блиску до неговиот успех на стриминг.

Имено, 33-годишниот музичар постави два светски рекорди – тој е пејачот кој има најмногу месечни слушатели на „Спотифај“ и првиот уметник што некогаш дошол до 100 милиони слушатели месечно на гигантот за стриминг на музика.

Патем, песната Blinding Lights на Д’ Викенд од 2020 година е најстримуваната песна на „Спотифај“ на сите времиња, со повеќе од 3.47 милијарди стримови, пренесува Си-би-ес њуз.

Музичарот објави спот за оваа песна на почетокот на 2020 година, а досега е прегледан повеќе од 691 милион пати на „Јутјуб“.

Само два месеци по објавувањето на песната, таа се најде во топ-100 песни на Билборд-листата.

Неговата песна Starboy е исто така една од најслушаните песни на сите времиња на „Спотифај“.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои мислат дека луѓето ќе се променат 

Вил Смит се соочува со тужба за сексуално вознемирување

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година