Утрински Весник
Свет

Драма во Белгија: Полицијата убила вооружан пациент во психијатриска клиника

Драма во Белгија: Полицијата убила вооружан пациент во психијатриска клиника

Белгиската полиција денеска застрела и уби пациент кој носел ладно оружје во психијатриска клиника во Брисел, соопшти локалното обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Полицијата била повикана бидејќи 49-годишниот маж почнал да се однесува агресивно во психијатрискиот институт „Фонд Роат“, а персоналот на клиниката не можел да се справи со него, пренесе „АП“.

Обвинителството соопшти дека првите сознанија од истрагата покажале дека полицијата морала да повика засилување откако првата патрола пристигнала на местото на настанот, поради особено опасното однесување на лицето и состојбата на вознемиреност.

„За време на акцијата полициските службеници морале да го употребат службеното оружје“, соопшти обвинителството, додавајќи дека тој бил застрелан во раката и стомакот, а од повредите починал откако бил пренесен во болница.

Обвинителството најави дека комисијата која врши надворешен надзор над белгиската полиција ќе го испита случајот.

Можете да прочитате

Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка изнесува над 500 милијарди долари

Во Мексико убиен уште еден кандидат за градоначалник

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година