Утрински Весник
Македонија

Со СДСМ и Ковачевски земјава стана фактор на стабилност на Балканот, велат од владејачката партија

Премиерот Ковачевски во Охрид ги пречека Борел и Лајчак: Северна Македонија е фактор на стабилност, местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ

Со СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски Македонија се потврдува како фактор на стабилност во регионот, велат од владејаќката партија.

dobivaj vesti na viber

„ Денеска сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, и држава во која што се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан.

Сите прашања со соседите ги имаме решено, при тоа цврсто штитејќи ги и зајакнувајќи ги националните интереси и државните позиции.

Признание и потврда дека Македонија е почитувана и вреднувана од страна на САД и Европската Унија е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија се случи токму во Охрид.

Од држава, која во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше скарана со соседите, заборавена и изолирана од меѓународната заедница, Македонија сега претставува фактор на стабилност на Балканот“ порачаа од СДСМ.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Автопатот не поминува низ нивните земјишта, затоа вриштат

ЛДП: Правната држава бара доследност, а не различни толкувања на јавниот интерес

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност” пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест