За СДСМ, напредокот на државата, граѓаните и нивниот животен стандард секогаш се на прво место. СДСМ и во време на кризи, покажа што значи вистинска грижа за сите граѓани и обезбеди неколкупати поголеми плати и пензии од времето на ВМРО -ДПМНЕ, соопшти владејачката партија.
„ Со одговорни и системски решенија обезбеден е континуиран раст на платите и на пензиите. Минималната плата од овој месец се зголемува на 20.175 денари. Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 8.900 денари, а во текстилната, кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари.
Постојано расте и просечната плата, која се искачи на 34.364 денари, од 22.445 денари, колку што изнесуваше во времето на ВМРО-ДПМНЕ. За пет години просечната плата во државата е покачена за 44 отсто. Од овој месец рекордно се зголемуваат пензиите.
Согласно новата методологија, пензиите од месец март се зголемуваат за 8,4 отсто, што значи дека просечната пензија се покачува за околу 1.500 денари на 19.150 денари. Просечната пензија од јануари 2016 година до јануари 2023 година е зголемена за над 35 отсто, односно од 13.076 денари на 17.666 денари.
За ВМРО-ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, а на пензионерите се сеќаваа само пред избори. ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на споменици, палми и врби, СДСМ се грижи за сите граѓани и обезбедува постојан раст на платите и пензиите“ додаваат од СДСМ.