Утрински Весник
Свет

Сопственичка на градинката дознала дека сопругот ги вознемирува децата, па зела пиштол и се пресметала со него

Сопственичка на градинката дознала дека сопругот ги вознемирува децата, па зела пиштол и се пресметала со него
Ss2

Шантери Вемс (50) од Балтимор го застрелала својот сопруг Џејмс во хотелска соба во Вашингтон кога дознала дека тој ги вознемирувал децата што оделе во дневниот центар што го отвориле заедно.

dobivaj vesti na viber

Осудена е на четири години затвор, а сега првпат проговори за медиумите.

Ss1

„Кога една од мајките ми се пожали на Џејмс, бев бесна. Ја видов болката на нејзиното лице и знаев дека не лаже. Конечно, ми рече дека тоа е мојот сопруг. Мислев дека крвта го напушта моето тело. Тој требаше да ми помогне да ги заштитам овие деца. Мислам дека тогаш целиот свет ми се сруши“, рече Вемс.

За да се соочи со него, таа во јули 2021 година се упати кон хотелот „Мандарин ориентал“.

По 20 години, првпат испила еден алкохолен пијалак, потоа му напишала на својот сопруг дека ќе го убие, а потоа и ќе се самоубие. Потоа се упатила кон хотелот, каде, како што вели, ситуацијата излегла од контрола.

Со првиот куршум го погодила во вратот, а со вториот во ногата.

Како што изјави судијата, нападот не бил спонтан, но таа го подготвила однапред. На судењето таа доби казна од четири години затвор. Како што вели, во затвор ѝ помагаат други жени и веќе размислува што ќе прави кога ќе биде слободна.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема