Утрински Весник
Економија

Услугите на Халкбанк достапни преку 327 активни поштенски единици

Услугите на Халкбанк достапни преку 327 активни поштенски единици

Денеска е речиси невозможно да се замисли животот без банките. Сите ние користиме широк спектар на банкарски услуги и производи – плаќања, штедење, финансирање на тековната потрошувачка, долгорочни инвестиции и друго. Меѓутоа, сега за добивање некоја банкарска услуга не мора да се оди исклучиво во банка, туку, истите можат да се добијат и во најблиската пошта, што е особено важно за сите оние кои живеат во населени места во кои што нема експозитури на банки. Благодарение на партнерството меѓу Македонска пошта АД и Халкбанк АД Скопје преку која се одвива платниот промет во Пошта, овие две институции станаа најголемиот канал за дистрибуција на банкарски услуги во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Имено, во која било од 327 активни поштенски единици на Пошта, што располагаат со 476 шалтерски места, можат да се реализираат сите безготовински плаќања (за клиенти на Халкбанк АД Скопје) и плаќања во готово, кои вклучуваат и плаќање сметки за режиски трошоци по најконкурентни цени на пазарот во однос на цените на домашните банки за готовински плаќања. Но, може да се добие и пристап до други банкарски услуги што ги нуди Халкбанк. Имено, во сите поштенски единици, жителите можат да поднесат барање за отворање на сметка во Халкбанк и со тоа да станат клиенти на банката, што пак носи можност за безготовинското плаќање на сметки и други режиски трошоци преку сопствената сметка во банката, со пониски провизии.

На шалтерите на Пошта, освен отворање сметка, можат да се добијат и низа други банкарски услуги кои ги нуди Халкбанк. Па така, можат да се поднесуваат барања: за ажурирање на личните податоци, апликација за кредит – потрошувачки, за пензионери, станбен, хипотекарен и автомобилски. На кој било шалтер на Пошта жителите исто така можат да поднесат и барање за добивање дебитна или кредитна картичка, за дозволено пречекорување што е овозможено за сите приматели на плата или пензија преку Халкбанк, за електронско банкарство, барање за СМС услуги, за студентски пакет или за добивање пензија преку Халкбанк и други банкарски услуги.

Со цел на клиентите да им бидат достапни своите средства до својот дом и да си го заштедат своето време им се овозможува достава на пензија и социјални права на домашна адреса. За оваа услуга клиентите може да се пријават преку сите филијали на банката и преку сите шалтерски места на пошта.

Од неодамна Халкбанк исто така овозможи повлекување на готовина со дебитни и кредитни картички на ПОС терминалите на дел од шалтерите низ поштенските единици. Клиентите со своите картички можат да си подигнат готовина на места кои не се покриени со мрежа на банкомати. Дополнително преку ПОС терминалите на Халкбанк може да се плаќаат режиски трошоци и налози за плаќање.

Партнерството меѓу Пошта и Халкбанк овозможи проширување на достапноста на банкарските услуги до сите средини во чија близина нема банкарски филијали или експозитури, придонесувајќи на тој начин за подобрување на квалитетот на животот во сите средини во земјата.

ПР

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“