Утрински Весник
Свет

Уште шест милијарди долари за војската: Британскиот премиер најави зголемување на буџетот за одбраната

Уште шест милијарди долари за војската: Британскиот премиер најави зголемување на буџетот за одбраната

Британскиот премиер, Риши Сунак, најави зголемување на буџетот за одбрана за шест милијарди долари во следните две години, како одговор на рускиот напад врз Украина и предизвикот од активностите на Кина.

dobivaj vesti na viber

Сунак изјави дека Велика Британија долгорочно ќе ги подигне средствата за армијата на ниво од 2,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП), наспроти сегашните нешто повеќе од два отсто.

Армијата бара воениот буџет да биде три проценти од БДП, според „АП“.

Дополнителните средства ќе бидат искористени за надополнување на резервите на муниција, исцрпени поради помошта за Киев, како и за договор со Соединетите Американски Држави и Австралија за изградба на атомски подморници.

Можете да прочитате

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години