Утрински Весник
Спорт

Реал со пресврт го победи Еспањол

Реал со пресврт го победи Еспањол
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерите на Реал Мадрид со пресврт го совладаа Еспањол со 3:1 на „Сантијаго Бернабеу“, со што ја прекинаа серијата од две нерешени средби во Примера.

dobivaj vesti na viber

По само осум минути игра екипата на Барселона ги шокираше сите навивачи на стадионот на Реал, кога Куртоа беше совладан од најдобриот стрелец на Еспањол, Хоселу

Водството на Еспањол траеше до 22. минута, кога Винисиус Жуниор по левата страна ја проби одбраната на гостите и со прецизен удар ја испрати топката во долниот лев агол од голот на Пачеко.

Пресвртот се случи во 39. минута, кога Едер Милитао беше сам на втората статива по еден корнер и немаше проблем да ја испрати топката во мрежата.

Конечниот резултат го постави Маркос Асенсио во 93. минута, по одличната асистенција на Начо.

Реал, на овој меч беше без Карим Бензема, кој е под знак прашалник и за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул.

По оваа победа Реал стигна до 56. бод, што е шест бода помалку од првопласираната Барселона со натпревар повеќе, Еспањол остана на 27 бодови.

Во следното коло Мадрид гостува на „Камп Ноу“ каде ќе одигра ново Ел Класико против Барселона, додека Еспањол ја пречекува Селта.



Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата