Панатинаикос избегна официјална елиминација од трката за плејофот во Евролигата, откако во луда последна четвртина направија пресврт за 75:66 победа над Црвена звезда. Со ова ПАО ја прекина серијата од шест порази во низа, и сега имаат 9-19 скор.
Српскиот клуб имаше предност од 16 поени на почетокот на второто полувреме, но наместо да ја потврди победата, успеаја да дозволат камбек на грчкито клуб за да забележат 10-ти пораз во 15 гостувања и да си ги загрозат шансите за плејоф.
Капитенот Јоргос Папајанис имаше 17 поени, 7 скока и 2 асистенции, Дерик Вилијамс додаде 13 поени, со фантастични три тројки во третата четвртина. За Звезда, Немања Надовиќ имаше 12 поени, исто како и Филип Петрушев.
Фенербахче во Истанбул се врати од 18 поени негатива за да стигне до 81:73 победа над Барселона, завршувајќи го мечот со 14:5 серија во последните пет минути од мечот. Фенер го подобри скорот на 17:10, додека Барселона има 18:10 по два порази во низа.
Џонатан Мотли имаше 16 поени, Марко Гудуриќ додаде 15, а Девин Букер стигна до 13 поени. За Барса, Никола Миротиќ имаше 19 поени и 5 скока, Томаш Ссаторански додаде 14.
ЕВРОЛИГА, 28.КОЛО
Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив 64:86 (20:33, 13:21, 15:14, 16:18)
Фенербахче – Барселона 81:73 (18:30; 19:10, 24:16, 20:17)
Панатинаикос – Црвена звезда 76:66 (9:17, 20:25, 23:13, 23:11)