Утрински Весник
Македонија

(Видео) Манијакот пуштен на слобода доби условна осуда и ќе биде под надзор

(Видео) Манијакот пуштен на слобода доби условна осуда и ќе биде под надзор

Условна казна доби манијакот чија цел беа пет девојчиња жртви. Ваква одлука донесе судијката Љубинка Башевска. Таа посочи дека Сонер Арслан има потреба од лекарска помош. Го задолжи да добие поддршка и од стручни лица, но и го предупреди дека ако направи исто или слично дело, ќе заврши во затвор. Судијката Башевска ја изрече пресудата на првото рочиште, на кое обвинетиот призна вина.

dobivaj vesti na viber

„Многу размислував за сите настани и околности. Со оглед на тоа што во законот за секое дело поединечно е предвидена казна затвор или казна до една година, ги имав предвид возраста, семејната и материјалната состојба, извинувањето, каењето, сметам дека на човекот му треба помош, пред сè, лекарска. За секое од кривичните дела му одредуваме по пет месеци затвор. И вкупната е условна осуда со заштитен надзор. Тоа значи дека му утврдуваме казна затвор која нема да се исполни ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело. Ова му се последна шанса и последен момент“, рече судијката Башевска.

Таа додаде дека врз него надзор ќе вршат служби од Кривичниот суд, како и тоа дали презема мерки за лекување.

„Ако го повторите делото или направите слично дело, ќе ја отповикаме условната осуда и ќе одите во затвор“, посочи судијката.

Судијката ја укина мерката куќен притвор. Обвинителката Лидија Раичевиќ претходно посочи дека Арслан петпати го сторил кривичното дело.

„Обвинението содржи опис на пет кривични дела за она што се случило на фактични план и предлог до овој суд кои докази да се изведат. Јавниот обвинител, освен што оваа содржина на поднесено обвинение, денес, без никакво сомнение, ќе ја докаже на начин како што е предложено во писмениот отправок, доколку за тоа се укаже потреба, ќе се впушти во докажување и градење впечаток на судот преку фазите на директно и вкрстено испрашување. Без никаков сомнеж, со највисок степен за осудителна пресуда, јавниот обвинител ќе го застапува обвинението“, рече обвинителката Раичевиќ пред признавањето вина.

Обвинетиот делата ги сторува во текот на повеќе години, а почнувајќи од 2021 година.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм