Утрински Весник
Свет

(Видео) Руски тенк пука кон украински ТВ снимател

(Видео) Руски тенк пука кон украински ТВ снимател

Се појави видео од првите денови од војната во Украина на кое може да се види руски тенк кој пука во правец на украинскиот ТВ снимател Серхиј Килимник. Во март професионалниот ТВ снимател Серхиј Килимник снимил драматичен момент кој дури сега осамна на Интернет. На видеото може да се види како руски тенк  пука директно во спратот на зградата во која се наоѓа Килимник.

dobivaj vesti na viber

Нападот се случи во првите денови од војната во Украина. Снимката е направена во Бороѓанск, во регионот на Киев.

„Сè се сруши врз мене. Имав таков наплив на адреналин што не ни знаев што се случи. Сакав да снимам, бидејќи мислев дека ако луѓето видат што се случува овде, ќе заврши побрзо“, изјавил Серхиј.

Можете да прочитате

Ученик пукаше во училиште на Филипините, најмалку шестмина загинаа

Фицо: Нема да одиме во војна поради некаков Член 5

Во Амазонија пронајден човек кој живее сам во изолација веќе 38 години