На 26 март 2023 година, со почеток во 10 часот еко акцијата „Чисти ридови за сите“ – повторно ги мобилизира граѓаните на Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.
Во акцијата се вклучени и поддршка ќе дадат сите Општини, училишта, граѓанскиот сектор, спортските здруженија, асцоцијации, граѓански иницијативи и индивидуалци. Комуналните претпријатија на Општините ќе им помогнат на учесниците при успешна реализација на оваа акција.
„Ќе се чисти на неколку места во сите општини поединечно, а повеќе информации за зборните места и што треба да понесете со вас, во текот на наредните денови. На природата и треба наша постојана заштита и заштита. Човештвото не мисли дека уништувањето на шумите, загадувањето на водата, уништувањето на животните доведува до смрт на природата. Дополнително, создавањето на мини депонии од страна на несовесните граѓани ја груби општата перцепција за тоа како треба да се однесуваме кон средината во која живееме“, велар организаторите.
Еко акцијата „Чисти ридови за сите“ веќе неколку пати покажува пример како наместо да се загадува животната средина, таа редовно треба да се чисти и штити, а во соработка со речиси сите општествени чинители како и да се креира една континуирана стратегија сè со цел и местата каде луѓето се уште не водат доволно грижа за овој клучен момент да бидат запознаени кои се бенефитите од здрава и чиста животна средина.
„Човеката околина, особено онаа што е со редовен пристап од многумина треба да биде на мапата за постојан пристап за чистење, а со тоа и загадувачите да бидат информирани за негативните постапки и соодветно казнети“, додаваат организаторите.
Со акцијата, целта им е да се остави позитивен пример и за идните генерации.
Никој не сака загадена почва, вода и воздух, оттука потребата за почести акции за чистење на околината во која живееме.