Утрински Весник
Економија

Бектеши: Ќе има струја за тие што ќе ги намалат цените, на другите ќе им се укине сета поддршка од државата

(Видео) Бектеши се скара со новинари, тие му вратија: Вашите коментари се крајно безобразни

Производството на ЕСМ е зголемено и сите капацитети се во функција, за тие што ќе ги намалат цените државата да им излезе во пресрет.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна министерот за економија, Крешник Бектеши прашан за коментар за мислењето на дел производителите на млеко и млечни производи кои се за намалување на цените, но поради тоа што имаат нестабилна цена на суровините се пожалиле дека може да претрпат сериозни штети, а некои од нив дека може да испорачуваат помали количини на рафтовите.

На тие кои што нема да ја намалат цената, порача Бектеши, ќе им се укине сета поддршка од државата.

„Во делот на производителите на млеко не очекувам да имаат никакви проблеми за снабдувањето во супермаркетите. Ве повикувам да ги погледнете нивните тековни состојби од претходната година, ниту една компанија не е оштетена од страна на Владата во нивните профити. Имавме одличен пример од домашен производител кој сам почна да ги намалува цените, без да чека 16 март. Се надевам дека сите други ќе го следат тој пример. Отстапки нема да има“, рече Бектеши.

Претходно премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија посочија дека за 15 проценти се намалува цената на тестенините, а за 10 цената на млечните производи.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена