Русија наскоро може да и го одземе пристапот на Украина до Црното Море и да ја заземе Одеса, изјави пензионираниот разузнавач на американскиот марински корпус Скот Ритер во интервју за Џексон Хинкл на каналот на Јутјуб Дива.
,,Кога Русите ќе ја заземат Одеса, мислам дека нема да застанат и ќе заземат сè до Придњестровје, кое е на околу 180 километри од местото каде што се наоѓаат руските напредни единици. Ќе изградат копнен мост и ќе ја отсечат Украина од Црното Море”, предвидува американскиот разузнавач.
Според неговото мислење, тоа е во согласност со планот на Владимир Путин, дизајниран да ја заштити земјата од западните артилериски системи со долг дострел, кои се префрлени во Киев.
https://www.youtube.com/watch?v=oxGw1IoNSh0
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предупреди дека Москва ќе мора да ја истисне заканата надвор од нејзините граници доколку Вашингтон го снабдува Киев со ракети со поголем дострел,пренесе Новости.рс.