Утрински Весник
Македонија

Се утврдува улогата на уапсените, осомничени за грабнувањето на внукот на Бошковски

Се утврдува улогата на уапсените, осомничени за грабнувањето на внукот на Бошковски

Се утврдува точната улога на двајцата уапсени за кои постои сомнение дека се инволвирани во случајот со исчезнувањето на грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Од МВР соопштија нивни иницијали, како и дека се изведени пред суд.

dobivaj vesti na viber

„На 08.03.2023 од полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода В.М. и С.Ч., поради сомнение за нивна инволвираност во случајот во врска со исчезнатото лице С.К.(26) од Скопје. Двете лица денеска (09.03.2023) се изведени пред ОЈО Скопје, а потоа и пред Судија на претходна постапка, при што им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа“, велат од МВР за „Макфакс“.

Претходно, „Макфакс“ објави дека двајцата осомничени се однесени во суд.

Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство. Лицето беше пријавено за исчезнато, а потоа започнаа и шпекулации дека е киднапиран. Гласините и информациите допреа до Обвинителството, со што се потврдува дека грабнување имало.

Изминатите денови се појавија и информации дека Костадиновски е грабнат од криминална група од Албанија и Турција – но ова остана непотврдено од институциите. Шпекулациите беа дека се работи за нерасчистени односи кои тој ги имал со тие лица.

Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Потоа, беа земени снимки од безбедносни камери, информации од очевидци, а беа сослушани и лица од кои беше можно да се добијат повеќе информации.

26-годишното момче, Самоил Костадинов е внук од брат на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски. Таа за неколку медиуми веќе има изјавено дека е потресена од целото случување. Ниту таа, ниту семејството, немаат детали информации што се случило со скопјанецот, освен раскажувањата од негови пријатели.

Можете да прочитате

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години